fbpx

Мицкоски го брани Касами, молчи за настаните и провокациите во Тетово

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Христијан Мицкоски упорно молчи за настаните што се случија во Тетово во петокот.

Нема ниту еден збор од Мицкоски ниту за државната химната, ниту за државното знаме, ниту за провокациите, нема ниту осуда.

Со таквиот молк, Мицкоски целосно се стави во одбрана на своите коалициски партнери кои беа организатори на настаните во Тетово и Скопје.

Касами стана градоначалник со поддршката и гласовите на ДПМНЕ, а нивната заедничка соработка продолжува и во Советот, во Собранието но и за други теми.

ДПМНЕ е коалиција во Тетово токму со Касами. Заедно со Мицкоски се здружија да прават ново парламентарно мнозинство и нова влада, кое не им успеа.

Наместо да молчи, Мицкоски треба да излезе пред граѓаните и да одговори на прашањата за настаните во Тетово и Скопје.

Последни вести