fbpx

Стоилковски не може да го покрие срамниот молк на Мицкоски за настаните во Тетово

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на прес-конференција на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ

Ниту Стоилковски, ниту ДПМНЕ не може да го покријат срамниот молк на Мицкоски.

Со денови Мицкоски молчи за настаните во Тетово кои ги организираше неговиот коалициски партнер, Касами.

Ниту збор не кажува Мицкоски за тоа што немаше државно знаме, за тоа што немаше државна химната. Целосен молк на Мицкоски и за провокациите.

Молчат и советниците од ДПМНЕ во Тетово, и тие го бранат Касами.

Мицкоски се стави во одбрана на Касами, неговиот коалициски партнер, кој беше организатор на настанот.

Наместо да работат на решавање на проблемите на граѓаните коалицијата на Мицкоски и Касами во Тетово промовира поделби, национализам, провокации и создаваат тензии.

Последни вести