fbpx

Мицкоски го брани Касами, се уште молчи наместо да ги осуди провокациите во Тетово

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Христијан Мицкоски со денови молчи и не собра храброст да ги осуди настаните и провокациите што се случија во минатата недела во Тетово.

Ниту збор не кажа Мицкоски за тоа што немаше државно знаме, за тоа што немаше државна химната.

Молчи Мицкоски и за провокациите, а неговиот молк никој и ништо не може да го оправда.

Наместо осуда Мицкоски се стави во одбрана на Касами, неговиот коалициски партнер, кој беше организатор на настанот.

Касами, токму со гласовите и поддршката на ДПМНЕ стана на градоначалник на Тетово, заедно држеа прес конференции во општинската зграда.

Касами и Мицкоски заедно се обидуваа да ја урнат Владата, а нивната соработка продолжува и денеска и во советот на Тетово и во македонското Собрание.

Молчат и советниците од ДПМНЕ во Тетово, и тие го бранат Касами.

Наместо да работат на решавање на проблемите на граѓаните коалицијата на Мицкоски и Касами во Тетово промовира поделби, национализам, провокации и создаваат тензии.

Очигледно тоа е “духот на коалицискиот договор“ за којшто зборуваа Мицкоски и Касами.

Мицкоски и Касами треба да знаат дека времето на национализам, на тензии е одамна завршено, граѓаните нема да дозволат нови поделби онакви какви што ДПМНЕ 11 години ги правеше.

Последни вести