Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ одново покажува дека насилничките сценарија, создавањето тензии и пласирањето лаги се нивните единствени.
Сценариото на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Никола Груевски не успеа да го оттгргне фактот дека токму врвот на ВМРО-ДПМНЕ е главнио осомничен организатор на насилствата од 27април кога беа нападнати пратеници, полицијаци и вработни во Собранието.
Наместо да продолжуваат со создавање тензии, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски мора да им се извинат на граѓаните за лагите што ги ширеа вчера, мора да се извинат што медиумите и порталите под нивна контрола вчера лажеа и ширеа драматични шпекулации во јавноста.
Соодветна и целосна истрага од страна на иунституциите, ќе ги даде сите одговори за инцидентот во затворот Скопје.
Граѓаните и институциите нема да дозволат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да создадат нови кризи, поделби и тензии.
Насилството ќе биде соодветно санкционирано. Мицкоски нема да успее, ќе има одговорност за организаторите, нарачателите и извршителите на насилството од 27 април.
Скопје, 22.02.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА