Соопштение за јавност
Не успеа обидот на Христијан Мицкоски, Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ преку насилничко сценарио да создадат криза, да го дефокусираат вниманието на јавноста од фактот дека токму врвот на ВМРО-ДПМНЕ е главниот осомничен за организирање на насилствата на крвавиот 27 април.
Благодарение на брзата и професионална реакција на институциите не успеа провокацијата, не успеа смисленото сценарио на Мицкоски и Груевски.
Не успеа театарот на Мицкоски со кој се обидуваше да предизвика инциденти во болницата 8-ми септември.
Не успееја ниту лажните вести што медиуми и интернет поратали блиски до ВМРО-ДПМНЕ синхронизирано ги пласираа во јавноста како дел од сценариото на Мицкоски и Груевски.
Институциите, граѓаните, нема да дозволат Мицкоски и Груевски да ја втурнат Северна Македонија во нови кризи и тензии, да ја загрозат иднината на нашата татковина и сигурноста на граѓаните, само за одбрана на организаторите и нарачателите на насилствата од 27 април.
Насилството ќе биде санкционирано, Мицкоски нема да успее, одговорност за нарачателите и реализаторите на крвавиот 27 април мора да има и ќе има.
Скопје, 22.02.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА