Соопштение за јавност
Очајното раководство на ВМРО-ДПМНЕ во недостаток на политички концепт, на идеја и програма продолжува да злоупотребува собраќајни несреќи и човечки трагедии во партиски цели.
Се потврди дека Мицкоски зборува преку Силјановска. Се потврди дека таа ги следи политиките на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
И покрај тоа што лагите на антинародното ВМРО-ДПМНЕ се официјално демантирани, опозициската партија не престанува да се обидува профитира на низок и крајно неморален начин.
Наместо да се обидува да користи несреќи и човечки трагедии за дневнополитички цели ВМРО-ДПМНЕ да ги остави надлежните институции да го расчистат случајот до крај,
Веќе е започната истрага од Основното јавно обвинителство, а според јавно објавените информации, веќе се обезбедени докази и се сослушуваат сведоци за целосно да се расветли несреќата кај Ласкарци.
Скопје, 19.02.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА