Соопштение за јавност
Неприфаќањето на носењето на одлуки ќе значи спречување на упаредување на нашето општество. Тоа е единствено во интерес на корупмирани политичари и пропагандисти кои работат за трети држави кои што не сакаат да ја видат државата интегрирана во ЕУ, рече претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски во интервју за Канал 5 телевизија.
-Одлука за продолжување на европскиот пат не е одлука за поддршка на Владата туку одлука за поддршка на евроинтеграциите , на она што граѓаните го сакаат, подобар животен стандард, подобро владеење на правото, подобра демократија, поголема социјална правда. Нашите граѓани се иселуваат во ЕУ не се иселуваат таму каде што ги нема овие елементарни и основни фундаментални придобивки од ЕУ. Затоа државата треба да биде членка на ЕУ, рече Ковачевски.
Неприфаќањето на носењето на одлуки ќе значи спречување на упаредување на нашето општество, додаде тој.
-Тоа е единствено во интерес на корупмирани политичари, единствено во интерес на бизнисмени кои може да работат само во изолирана држава, кои што не можат да работат на европски конкурентски пазар, единствено во интерес на пропагандисти кои работат за трети држави кои што не сакаат да ја видат државата интегрирана во ЕУ. Продолжувањето на процесот на скрининг, под отворањето на поглавјата ќе значи реформи стрикни, внатре. Вие погледнете кога зборуваме за владеењето на правото, сите закони кои што сме ги донеле се правени заедно со ЕУ, меѓутоа повторно има нефункционалност. Ние направивме комплетна независност на правосудните органи, погледнете го уставот, погледнете ги законите, за да денес добиеме комисија која што ќе ја оценува работата на Судскиот совет и тоа од ЕУ., рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.