Традиционален празничен пикник за Денот на независноста и обраќање на претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски
Ве известуваме дека утре 08.09.2023 (петок) по повод Денот на независноста, 8-ми Септември, во комплексот Пеленица (Манастир св.Руса, општина Кисела Вода), ќе се одржи традиционалниот празничен пикник и народен собир што го организира општинската организација на СДСМ од Кисела Вода.
Традиционалниот пикник започнува во 11.00 часот, со традиционална македонска храна, музика и заедничка дружба.
На настанот обраќање ќе има и претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски (околу 12.30 часот).
На празничниот пикник, каде што ќе биде организиран и ручек за присутните, поканети се сите граѓани, заедно да го прославиме Денот на независноста, 8-ми Септември.