fbpx

Ковачевски: Членството во ЕУ е нашиот светилник за подобар живот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Гласникот на слободата од 8 Септември 1991 година бара да го чуеме гласот за иднината, тоа е гласот за Европа. Како што со членството во НАТО го обезбедивме мирот, стабилноста и безбедноста на државата и нашиот народ, членството во ЕУ е нашиот светилник за подобар живот, рече денеска претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски во обраќање на традиционалниот пикник во Пеленица по повод Денот на независноста.

– Ако за само неколку години СДСМ успеа минималната плата да ја зголеми од 8.000 денари на 20.000 денари а просечната на 36.000 денари со членство во ЕУ платите ќе бидат драстично поголеми. Државите коишто се зачлениле во Унијата, во првите 5 години имаат и до 100-проценти зголемување на платите на нивните работници. Ако СДСМ успеа да обезбеди рекорден прилив на директни странски инвестиции од 753 милиони евра со членство во ЕУ ќе бидат уште поголеми.

Поддршката за земјоделието, за патишта, школи, болници, ќе биде драстично поголема. За земјоделците и за компаниите се отвора пазар до 500 милиони жители и пристап до различни и огромни фондови за финансиска поддршка. Бидејќи земја членка на Унијата добива 11 пати поголема европска помош од ЕУ – фондовите по глава на жител, од земја кандидатка. Безброј економски придобивки носи членството во ЕУ а ние и вредносно таму припаѓаме, рече Ковачевски.

На Денот на независноста упатувам порака да гледаме напред кон иднината исполнета со надеж и реална, дофатлива можност за подобар живот, повика претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски.

Последни вести