Соопштение за јавност
Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Љупчо Николовски учествуваше на граѓанска трибина во Кавадарци, на која што се разговараше на повеќе теми, при што посебен акцент беше ставен на политиките во земјодлеството, програмите за младите земјоделци и поддршката за лозарите од Тиквешкиот регион, односно исплатата на субвенциите и враќање на долговите на приватните винарници кон лозарите за предадено, а неплатено грозје.
Пред присутните, Николовски ја потенцираше важноста на ИПАРД 2 програмата којашто обезбедува суштинска поддршка за младите земјоделци и истовремено позитивно влијае врз развој и унапредување на земјоделството.
– Клучна мерка е зголемената поддршка за млади земјоделци. Работиме на приближување на ИПАРД фондовите до младите, како и до сите заинтересирани Како што можете да забележите во јавноста и медиумите, работиме на силна кампања за промовирање на ИПАРД 2 со цел да ги промовираме придобивките од програмата, а се со цел да ја приближиме првенствено до младите луѓе. Таквиот пристап дава резултат. Веќе имаме два актуелни повици во 2019 кои беа отворени и она што пристигна како апликации, имаме навистина импозантни резултати, посочи Николовски.
Николовски истакна задоволство што младите ги препознаваатможностите што им ги нуди земјоделството и најави дека поддршката кон земјоделците ќе продолжи и понатаму и дополнително ќе се интензивира.
– Преземените реформи во секторот земјоделие овозможија Македонија да биде лидер во искористување и менаџирање на ИПАРД 2 фондовите во регионот. Во 2019 година за прв пат државата, Република Северна Македонија, обезбедува предфинансирање како клучна мерка која гарантира исплата на 4 милиони евра за сите млади кои ќе склучат договори за проекти. Верувам дека како што покажавме оваа година и ги убедивме сите дека можеме од последни да станеме први во искористување на фондови, верувам дека со сите мерки со сите политики и храбри одлуки кои ги носиме ќе успееме да направиме земјоделството да стане тренд за младите. Продолжуваме да ги мотивираме младите да се вклучат да работат и остануваме посветени на обезбедување нови мерки и политики преку кои ги враќаме парите назад кај граѓаните отвараме нови фондови и перспективи, се грижиме за пласманот и носиме нови инвестици, заклучи членот на ИО, Николовски.
Од страна на присутните беше поздравена одлуката државата да го преземе долгот на приватните винарници кон лозарите, мерка што исправа долгогодишна неправда и со која околу 1,5 милиони евра ќе завршат кон лозарите од Тиквешкиот регион.