Соопштение за јавност
Расколот, внатрешните проблеми, со еден збор распадот на ДПМНЕ не е заради вредности туку заради суети и големо внатрешно незадоволство.
Мицкоски да не ја меша СДСМ во меѓусебните пресметки и сам да си ги решава кавгите.
Серијата препукувања, обвинувања и дворски игри во Белата палата покажуваат колку се длабоки внатрепартиските проблеми во ДПМНЕ.
Факт е дека Христијан Мицкоски е бледа копија на Никола Груевски. И неговата политика на блокада на европскиот пат е исто така само копија на оригиналот.
Мицкоски со денови не одговара за барањата за амнестија на негови сопартијци, заради незадоволство токму од него внатре во неговата партија.