Соопштение за јавност
Потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев во интервју за „Фронтлајн“ истакна дека нема подобро за обединување отоколу суштински важната цел за државата за полноправно членство во ЕУ
-Триесет години зборуваме за обединување, но не сме го виделе тоа освен при успесите на полето на спортот или музиката. Има ли подобро нешто за обединување од темата и од целта – 2030 Македонија полноправна членка на ЕУ?, налгаси Богоев.
Тој додаде дека според искуствата на Романија, Бугарија, Словенија во првите пет години од нивното членство во ЕУ има ескпоненцијален раст на странски директни инвестиции, преполовување на невработеноста во нивните држави.
-Зошто тоа да не случи и во Македонија? Сега имаме шанса, коцките гостратешки ни се поклопени, на унијата и треба зацврстување и проширување, истакна Богоев.
Пораката за обединување беше најконкретно упатена до Мицкоски, со конкретни чекори, но тој ја одби. Понудата се уште е на маса, меѓутоа сега веќе се обраќаме до поединци, до пратеници од ДПМНЕ кои имаат обврска не само кон лидерот кој се однесува лукративно, туку кон граѓаните кои ги избрале и гласале за нив. Тие граѓани недвосмислено бараат да бидеме членка а ЕУ“, порача потпретседателот на Стефан Богоев во интервју за „Фронтлајн.