Соопштение за јавност
Скапоцениот бел дворец на ВМРО-ДПМНЕ освен симбол на криминал, корупција и антизападна политика, стана и база за секојдневно ширење на лажни вести.
Партизацијата на институциите и нивната брутална злоупотреба беше одлика на режимот на ВМРО-ДПМНЕ и тоа време заврши.
Денес институциите се професионализираат и работата во интерес на граѓаните.
Сите вработувања се согласно план, потреба и програма на самата институција, а за сите кандидати важат еднакви услови и критериуми. Секој има еднакви можности за работа.
Мерките на Владата обезбедуваат пред се’ професионални и независни институции. Се враќа достоинството на професиите, се зголемуваат платите, се креира здрава работна средина која ќе овозможи задоволни корисници и граѓани.
ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот што Македонија конечно тргна напред, што невработеноста се намалува, платите растат, а економијата се движи во добар правец и затоа не престанува со ширењето лажни вести.
Скопје, 08.02.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА