Соопштение за јавност
Денеска, во Домот на културата АСНОМ во Гостивар се одржа трибина на СДСМ, „Резултати што прават разлика“ на тема култура. Покрај заменик претседатеката Лукраевска и потпретседателката Костадиновска – Стојчевска се обратија и стручни лица од културата како и раководители на културни институции.
-Дали се сеќавате на “Гумени Куршуми“? Дали се сеќавате на “ Ќе им ставаме бетонски плочи“? Дали се сеќавате на “ Влегов во собрание само вода да донесам“? За жал се тоа беа колеги од културата. Културата во време на режим станува заробена Култура. За среќа ја ослободивме. Ја ослободивме во последен миг пред да се случи она последното, најцрното. А кога ја ослободивме ја најдовме во очајна состојба. Беше разрграбана, опустошена, распартелена, преплашена, разобличена до непрепознатливост. Беше гладна, беше жедна. Ја кренавме полека и со голема упорност, грижа, посветеноет и со голема љубов успеавме да ја застанеме на нозе. И денес со гордост може слободно да кажеме дека таа, Културата е лицето на граѓаните, идентитетот на граѓаните, таа е пасошот на државата!, рече претседателот на Комисијата за култура на СДСМ, Владимир Лазовски.
Директорката на Завод и музеј Битола, Мери Стојанова, потенцираше дека во заштита на културното наследство во изминатите неколку години е направено најмногу, потенцирајќи го како исклучително важен проектот за концервација и реставрација на манастирот во Курбиново.
-Во изминатите 6 години вредно е за споменување се она што е направено за заштита на културното наследство. Но, еден од најкомплексните проекти е секако конзервацијата на архитектурата, реставрација и заштитата на манастирот „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, најстарата наша црква. Самиот објект по себе е исклучително вреден и проектот е со целосна поддршка на Министерството за култура и Владата. Ѕидното сликарство исто така е опфатен со овој проект. Тој проект е во напредна фаза, наскоро привршува и наскоро ќе го видиме во вистинско светло, рече Стојанова.
Ирина Шајн, директорка на Музеј Охрид, рече дека сите стручни лица, Министерството за култура и Владата предводена од СДСМ кои неуморно работеа не само на зачувување на статусот на УНЕСКО на Охридскиот регион туку и за да се придвижат кон подобро.
-Успеавме да го зачуваме Охрид автентичен а Езерото и натаму да е нашиот најубав бисер. Tокму преку УНЕСКО, нашиот Завод и Музеј користи донација за создавање на ГИС платформа за недвижното културно наследство и археолошките локалитети од Охридскиот регион со што ќе се обезбеди ВЕБГИС база на податоци која ќе може да ја користи и пошироката јавност а ќе се потхранува со податоци за недвижното културно наследство и заштитените археолошки локалитети собрани и документирани, рече Шајн.
Од 2019 година го реалзираме проектот за сплит ветилациските системи во музејските депоа со летен и зимски режим што доведува до продолжуивање на векот на музејските предмети и се избегнува постојаната нивна конзервација, додаде таа.