fbpx

Додека Македонија добива столче во НАТО, Мицкоски шири лаги, очаен е, нема да ја спречи иднината

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Додека Македонија го добива своето столче во НАТО антизападниот Христијан Мицкоски продолжува со деструкција и манипулации.

Очаен е антизападниот Мицкоски.

Не успеа и нема да успее да ја закочи иднината во НАТО и ЕУ.

Мицкоски лаже и дома и во Брисел но нема да го намали успехот на Македонија.

Македонија утре седнува на своето столче во НАТО, тоа е успех за граѓаните и државата и силен пораз за Мицкоски и неговата антизападна агенда.

Мицкоски нека не бара алиби за поразот што го чека, изборите ќе бидат фер, слободни и демократски како што доликува на демократска држава идна членка на НАТО и кандидат за членство во ЕУ.

Наместо да шири лаги Мицкоски нека се спрема за пораз на претседателските избори, нека се спрема за пораз на какви било избори.

Скопје, 05.02.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести