Соопштение за јавност
Македонската култура заслужува да биде признаена како култура со европски вредности и сето она што го негуваме како традиција и историја. Мора да обезбедиме македонското наследство, заедно со културното наследство на сите наши граѓани да бидат целосно вградени во европското. Но Европа носи и подобар живот и подобра економија, рече заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната трибина „Резултати што прават разлика“ во Гостивар.
Често зборуваме за позитивните ефекти врз економијата во првите години од членството во ЕУ на земјите кои досега се зачлениле. Затоа што тие се најсилен показател, додаде таа.
-Во првите 5 години од членство во ЕУ платите за работниците растат од 70-100%. Членството во ЕУ носи пораст на БДП и до над 80%. Дополнителен годишен доход по жител од 850 евра, во текот на една година само затоа што земјата е членка на ЕУ. Тука секако е и пристапот до различни фондови. Хрватска на пример за 10 години има 12 милијарди евра, рече Лукаревска.
Од друга страна ДПМНЕ со своите неразумни постапки сака сето ова да го блокира.
-ДПМНЕ е за изолација, за економска неизвесност и тапкање во место. Нема ниту еден аргументи зошто се блокира подобар животен стандард на граѓаните. Со членство во ЕУ го обезбедуваме македонскиот јазик, идентитет, култура но и економскиот просперитет на државата и на сите наши граѓани, додаде Лукревска.
– СДСМ нуди иднина во која никого не оставаме зад нас, никого не оставаме сам и продолжуваме да маршираме кон европска иднина на европска Македонија. ДПМНЕ нуди само страв, тензии меѓу етничките групи, помалку инвестиции, помалку можности и на крајот сиромаштија и заостанатост. Изборот е јасен и мора да победиме за да ја спасиме следната генерација на нашата земја. Местото на македонската култура е во ЕУ, местото наше е во ЕУ, рече заменик претседателката Сања Лукаревска на партиската трибина на СДСМ во Гостивар.