fbpx

ДПМНЕ ги разочара граѓаните, Муцунски е послаб градоначалник дури и од Арсовска

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ДПМНЕ на половина мандат од локалната власт во град Скопје и во 40-тина општини целосно ги разочара граѓаните. Со неисполнување на дадените ветувања, ја изневери довербата на граѓаните.

ДПМНЕ го доведе Скопје во хаос, со нефункционални јавни претпијатија, кои тонат во долгови. Нема бесплатен јавен превоз, нема нови 250 еколошки автобуси, јавниот превоз е пред колапс, никаде го нема „модерно Скопје“.

Послаб градоначалник дури и од Арсовска е првиот човек на општина Аедродом Тимчо Муцунски, кој не реализираше речиси ништо од својата програма, а проектите на претходната локална власт предводена од СДСМ ги презентира како свои, како новоизграденото училиште „Димитар Македонски” во населба Лисиче, започнато од претходниот градоначалник.

Муцински вети 4 градинки во првата половина од мандатот, ниту една не е започната. Затоа не пропушти да се пофали со новиот објект „Црвенкапа“ на градинката „Срничка“, започнат од претходната локална администрација на СДСМ.

За половина мандат не ја ни започна ветената реконструкција на платото позади ТЦ Капитол, ама затоа не пропушти да се пофали со платото позади ТЦ Бисер, проект целосно реализиран од неговиот претходник.

Ја нема и ветената нова општинска зграда која требаше да ја изгради до крајот на оваа година, ниту паркот „Радост“.

По две години од мандатот на локалната власт на ДПМНЕ, целата јавност се увери во нивната неспособност и празни ветувања.

Градоначалниците на ДПМНE се најголемо разочарување за граѓаните.

Последни вести