Партиска делегација на СДСМ, во состав: Миле Зечевиќ Вардарски – генерален секретар на СДСМ, Митко Трајчулески – организациски секретар и Мелиса Ценоска – членка на Извршниот одбор, оддаде почит и положи свежо цвеќе на спомен-костурницата во Куманово, во чест на македонските херои, борци од НОБ, за нивната жртва и дело со кое се вградија во темелите на македонската државност. Слава им. Да живее 11 Октомври, Денот на народното востание!