Соопштение за јавност
СДСМ е врзното ткиво, клучната политичка сила за остварување на генерациоскиот сон, за посакуваната европска иднина, рече денеска во Куманово, претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, во обраќањето на традиционалниот пикник по повод 11 Октомври.
-Слободарскиот бајрак на борците од НОБ, на партизаните, ги сплоти сите кои сакаа слобода, правда и социјална еднаквост. Без разлика на вера, нација или друга припадност. И успеаја. Тоа е примерот кој треба да го следиме, тоа е аманетот којшто ни е оставен. Исполнувањето на тој аманет, на нашите државотворци од Илинден, АСНОМ, од НОБ, е нашата денешна борба. Борба за подобра, европска иднина на нашата убава татковина, на нашите вредни луѓе. СДСМ го носи тој бајрак и повикува на заедништво, на сплотеност, рече Ковачевски.
Повторно дојде време заеднички да делуваме, обединети, во европски фронт, додаде тој.
-Нашите предци ни овозможиле да живееме во слобода во сопствена држава. Наше е да обезбедиме европска иднина за нашите млади, за идните генерации за идните поколенија. Без калкулации, без поделби. Искрено, чесно, со верба, со срце. Тоа сме ние, македонските социјалдемократи, рече претседателот Димитар Ковачевски денеска во Куманово.