fbpx

Хаос има само во ВМРО-ДПМНЕ, полицијата работи професионално, граѓаните се безбедни

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

ВМРО-ДПМНЕ е во хаос, целосно загубена во сопствените деструкции и лажните вести.

Коалиција со криминалот, неказнивоста и селективноста во постапувањето беа одлика на криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ и тоа заврши со нивното заминување во опозиција.

МВРО-ВМРО е минато, нема повеќе злоупотреба на полицијата во лични или партиски цели.

По преземените реформи, полицијата работи професионално, ефикасно и во обезбедување на мирот и безбедноста. Се постпаува по секое прекршување на законите и против сите кои постапуваат незаконски се поднесуваат кривични пријави до надлежните обвинителства.

Конфузното ВМРО-ДПМНЕ залудно се обидува да внесе вознемиреност во јавноста, граѓаните се безбедни и сигурни. А тоа е потврдено и со анкетата на ОБСЕ кадешто 75 отсто од граѓаните се изјасниле дека се чувствуваат безбедно.

 

Скопје, 03.02.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести