Соопштение за јавност
Мицкоски потврди дека го чека својот шеф од Будимпешта за нов заговор против Македонија – заборавил дека Груевски оди во затвор, а тој оди на изборен пораз.
За Мицкоски членството на Република Македонија во НАТО било историска грешка. Пионот Мицкоски потврди дека е на спротивна страна од народот, на граѓаните, на прогресивните сили, на спротивната страна на целиот демократски свет.
Затоа Мицкоски денеска сакаше да поништи 660.000 граѓани кои гласаа на реферндумот. Не Мицкоски, овој народ не молчи, гласен е, силен, избра иднина, избра НАТО, ЕУ, напредок, развој.
Бадијала се закануваш дека ќе ја назадуваш Македонија. Не Мицкоски, нема да успееш да ја извадиш Македонија од НАТО, тоа е историска и стратешка определба на граѓаните и не зависи од тебе, многу е поголема од тебе.
Антизападниот Мицкоски ја губи поддршката во својата партија. Се рони пратеничката група на Мицкоски, само 33 пратеници се потпошале зад барањето за распуштање на Парламентот.
Македонија во среда седнува во своето столче во НАТО, Мицкоски се плаши за своето расклатено опозициско столче.
Скопје, 03.02.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА