fbpx

Се решава уште еден наследен проблем, државата ќе ги исплати долговите на приватните винарници кон лозарите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Владата предводена од СДСМ изнајде решение, државата ќе ги исплати долговите на приватните винарници кон лозарите кои со години не можеа да го наплатат предадениот род од 2014-2016 година.

Со ова решение, над 1.5 милиони евра ќе завршат директно кај лозарите во Тиквешкиот регион.

Со предлог измени на Законот за земјоделство и рурален развој кои треба да се најдат во Собранието, ќе се постави правен основ државата да ги преземе неподмирените обврски кон лозарите кои во периодот 2014-2016 година го предале грозјето во винарници кои биле регистрирани во регистарот на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, а не добиле пари за предаденото грозје.

Веднаш потоа државата ќе го преземе долгот кон лозарите кои побаруваат пари за предадено грозје во конкретниот период, за да бидат исплатени во најкус рок.

Продолжува вистинската грижа кон лозарите, кон земјоделците. Се решава уште еден наследен проблем од власта на ВМРО-ДПМНЕ.

Скопје, 03.02.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести