Соопштение за јавност
Кој заедно со Христијан Мицкоски ќе застане против ЕУ и НАТО, против иднината и напредокот на Македонија јавноста брзо ќе дознае.
Она што е очигледно е дека конкурсот за избор на таков кандидат е една обична фарса на антизападната ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски лично го бира негов фаворит.
Кој и да биде кандидатот на Мицкоски може само да се подготви за пораз на претстојните избори.
Граѓаните нема да дозволат нов Иванов, нема да дозволат нова антизападна марионета на Мицкоски и Груевски.
Барањето на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори е со единствена цел, Мицкоски да ја распушти пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ која очигледно не го поддржува во неговите погубни политики.
Тоа се докажа и преку неуспешната интерпелација за министерот за надворешни работи којашто едвај 20 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ ја поддржаа.
Кога ќе има парламентарни избори не зависи од расположението во скапоцениот дворец, туку од интересите на државата и граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нека се спремаат за пораз на претседателските избори, нека се спремат за пораз и на парламентарните избори, кога и да се одржат.
Граѓаните одбраа иднина во ЕУ и НАТО и нема да дозволат нов Иванов или Груевски да ги вратат во темното минато.
Скопје, 01.02.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА