fbpx

Ковачевски: За година и половина пензиите ги покачивме за 24%, досега тоа не се случило

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Со новата методологија и трите усогласувања во 2002 и 2023 година пензиите за 333.000 пензионери вкупно ги покачиваме за 24 проценти, за една и пол година досега вакво покачување немало, рече денеска претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски на средба со пензионери од општина Карпош.

-Социјалдемократските политики за постојано и континуирано зголемување на пензиите се влог во тоа да пензиите растат и да продолжат да растат и во иднина. Од септември 2022 година со новата методологија и трите усогласувања СДСМ ги зголемени пензиите за 24%. За една и пол година досега вакво покачување немало. И бројките тоа го потврдуваат, рече Ковачевски.

Тој направи споредба со драстично помалите висини на просечната и минималната пензија во времето на ДПМНЕ.

-Во време на ДПМНЕ, во 2016 година, просечната пензија изнесувала 13.754 денари. Сега, во време на СДСМ, односно во март 2023 година просечната пензија изнесува околу 20.000 денари. Тоа е покачување од 40 отсто во време на мандатот на владите предводени од СДСМ. Во времето на ДПМНЕ пак минималната пензија беше 9.000 денари, денес е 13.200 денари. Тоа се 4.000 денари повеќе на ниво на минимална пензија месечно. Јас не мислам дека е тоа доволно. Секако. И работам да допринесеме уште повеќе. Но, со системски решенија, СДСМ обезбедува постојан, континуиран раст на пензиите и пензиите само со СДСМ можат да продолжат да растат, реално, издржано и значително, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, денеска на средби со пензионери од општина Карпош.

Последни вести