Соопштение за јавност
Не можејќи да се помири со успесите на економските политики на Владата предводена од СДСМ, антинародната ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лажни вести во кои никој не верува.
Доколку ВМРО-ДПМНЕ сакаше и можеше, ќе ја реализираше инвестицијата за која денеска лаже, ќе реализираше и други бројни инвестиции, но наместо тоа, антинародната партија се посвети на криминал, корупција и криминално богатење на поединци.
17 нови инвестиции моментално се во различни фази на реализација, а една од нив е и индиската компанија „Малхотра“, што е резултат на вистинските економски политики на Владата предводена од СДСМ.
Успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ даваат резултат. Потврда за тоа е и рекордниот број на странски инвестиции во минатата година, растот на платите и падот на невработеноста на 20.8 отсто.
Владата предводена од СДСМ продолжува да работи на спроведување на мерките што обезбедуваат повисоки плати, повеќе инвестиции, нови работни места, економски раст и повеќе пари кај секој граѓанин.
Скопје, 29.01.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА