Соопштение за јавност
Корупцијата во Македонија се распространи само поради 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ.
Нема поголемо лицемерие од тоа ВМРО-ДПМНЕ да зборува за корупција, кога токму нивниот скапоцен дворец кадешто шират лажна загриженост е симбол на корупција, криминал и расипништво.
Поради 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ Македонија стана заробена држава во која цветаа криминалот, корупцијата и неказнивоста. Доказ за тоа е се и судските процеси што се водат против високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ и членови на претходното раководство.
За разлика од таквиот однос на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ започна сериозни реформи за вистинска, независна и неселективна борба против корупцијата.
Резултатите од реформите и промените во функционирањето на институциите веќе се забележливи и уште поинтензивно ќе се почувствуваат на долг рок.
Факт е дека Македонија за едно година, од 2017 до 2018, има скок од 14 места и подобрување од два поени, што е навестување дека државата се движи кон одговорно, отчетно и транспарентно владеење со целосно почитување на прописите и законите
Потребата од суштинска борба против корупцијата е врвен приоритет за СДСМ и Владата и парламентарното мнозинство што ги предводи. Во таа насока е донесениот Закон за спречување на корупцијата и судир на интереси, со којшто Македонија конечно добива силна и независна институција за борба против корупцијата.
Заврши времето на криминал, корупција и неказнивост што беше одлика на владеењето на антинародното ВМРО-ДПМНЕ, денес, законите важат за сите подеднакво и се воведува нулта толеранција кон корупција.
Скопје, 29.01.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА