fbpx

Законот за трговија на зелените пазари е одложен, се работи на решение во интерес на земјоделците, пазарџиите и економијата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ на вчерашната собраниска седница го одложи Законот за трговија на зелените пазари на една година, со цел да се најде соодветно и заемно прифатливо решение.

Со одлагањето, се отвора простор за консултација и дебата помеѓу сите засеганти страни и без кој било да биде оштетен.

Неопходно е институциите, продавачите и организаторите на пазарите на заедничка маса да дискутираат со цел да се подобри организацијата на работата на пазарите и да се дојде до решение со кое ќе бидат заштитени сите засегнати страни.

Земјоделците, пензионерите и сите пазарџии да бидат спокојни, се работи за решение со кое секој ќе може достоинствено и чесно да заработи денар повеќе, но и решение кое истовремено ќе обезбеди начин за сузбивање на сивата економија.

 

Скопје,29.01.2019                                       

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести