fbpx

Мицкоски покажа дека нема ниту план ниту програма, само празни зборови и „басни“, додека го чека поразот од изборите нека учи економија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Христијан Мицкоски одново покажа дека нема идеја, нема ниаква програма, ниту економска мерка што би го подобрила животот на граѓаните.

Само празни зборови и нивно споредвување со „басни“ како што самиот Мицкоски вели.

Наместо конфузни испади, Мицкоски треба да учи економија, да учи како се работи во интерес на економијата, граѓаните и државата а треба да прочита и што се басните.

Откако економијата во последната година од власта на ВМРО-ДПМНЕ беше во минус, во вториот квартал од 2018 година економијата односно бруто домашниот производ, порасна за 3,1 отсто а во третиот квартал растот е 3 отсто.

Просечната плата континуирано расте и во месец ноември изнесува 24.548 денари или приближно 400 евра. За споредба во мај 2017, просечната плата изнесуваше 22 889 денари.

Тоа покажува дека кај работниците, кај граѓаните, завршуваат околу 1.600 денари повеќе само врз основа на повисока плата.

Зголемена минимална плата на 12.000 денари за 90.000 семејства обезбеди поголем приход од 50 до 100 евра секој месец.

Околу 35 милиони евра пари завршуваат назад кај граѓаните во социјален ризик преку социјалната реформа за извлекување од сиромаштија и вработување.

Оваа година следуваат нови проекти во интерес на граѓаните, за силна економија, инвестиции, поврат на ДДВ кон граѓаните, повисоки плати, подобар животен стандард и нови работни места.

Мицкоски додека го чека поразот на следните избори може да учи економија и уште сега да размислува само за сопствената оставка.

 

Скопје, 28.01.2019  

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

​СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести