Соопштение за јавност
Христијан Мицкоски зборува за поделба на Македонија како сите оние што не и мислат добро, се надева дека ќе ја врати Македонија во темното минато на поделби и тензии.
Но, тоа нема да му успее на Мицкоски. Граѓаните ги поразија неговите деструктивни, антизападни политики и одново ќе го поразат на претстојните претседателски избори.
Граѓаните нема да дозволат нов Иванов ниту нов Груевски, нема да дозволат уште една марионета која ќе работи спротивно на државните и националните интерси, против НАТО и ЕУ.
Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ и нивниот кандидат за претседател убедливо ќе бидат поразени од мнозинството граѓани кои се определија за напредок, интеграција и иднина во едно општество за сите.
Граѓаните ќе изберат вистински претседател, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нека се подготват за пораз.
Скопје, 28.01.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА