Соопштение за јавност
Граѓаните гледаат класично алиби интервју на Христијан Мицкоски за изборниот пораз што го чека.
Во паника од успехот на Владата предводена од СДСМ, од влезот на Македонија во НАТО и интеграцијата во ЕУ Мицкоски бара алиби за изборниот пораз во измислени, нереални и непостоечки причини.
Изборните манипулации и измами се симбол само за ВМРО-ДПМНЕ, за што има отвоено случаи кои се водат пред надлежните судски институции. Тоа време на злоупотреба на гласот на граѓаните заврши со заминување на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.
Антизападниот Мицкоски е свесен дека нема поддршка од граѓаните, нема капацитет да понуди ништо добро за граѓаните и државата освен деструкција.
Наместо да бара алиби, Мицкоски да се спреми за изборен пораз на било какви избори, кои ќе бидат слободни фер и демократски.
Скопје, 28.01.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА