Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ е симбол за негрижа за пациентите и урнисување на здравството.
ВМРО-ДПМНЕ преку криминални политики го урниса здравствениот систем и ги погази правата на пациентите, а денеска како опозиција преку лажни вести и манипулации се обидува да внесе неоснована паника меѓу граѓаните.
Паралелниот увоз на лекови, лекови со сомнителен квалитет од непознати производители, аферите со договорени тендери, негрижата кон пациентите придонесоа да се загуби довербата во здравството и над 15.000 деца да останат невакцинирани.
Денес, сето тоа се менува. Се враќа довербата во здравствениот систем, се инвестира во нова медицинска опрема, се унапредуваат правата на пациентите.
Епидемијата на морбили е ставена под контрола, се увезуваат квалитетни вакцини и лекови. За само еден месец вакцинирани се околу 4 400 деца. Подигната е свесноста на јавноста дека вакцинацијата е неопходна кога станува збор за болест како морбили.
Владата предводена од СДСМ продолжува да спроведува мерки што се во интерес на граѓаните, што го унапредуваат здравство и ги подобруваат условите за работа на медицинскиот персонал.
Скопје, 28.01.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА