Соопштение за јавност
Христијан Мицкоски е во паника поради влезот на Македонија во ЕУ и НАТО, а токму влезот во НАТО и растот на платите се најголемиот пораз за антизападниот Мицкоски.
На агендата на Владата предводена од СДСМ се странски инвестиции, поврат на ДДВ за физички лица, раст на плати и нова победа на следните избори.
Влада која сите свои капацитети ги вложува во силна економија и која создава шанса за сите граѓани не размислува за оставка, туку за интерсите на граѓаните.
Економскиот поход на Владата предводена од СДСМ го тера Мицкоски на панични партиски реакции затоа што тој размислува само за својот и за интересот на неговите антизападни ментори.
После поразот на следните избори, нека размислува за сопствената оставка.
Владата влегува во економски поход и најважни се интересите на граѓаните, а не антизападните интереси на Мицкоски
СДСМ е партија која на Македонија и донесе државнички историски успех и поради тоа ќе однесе голема победа на претседателските избори и на парламентарните, кога и да се одржат.
Скопје, 27.01.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА