fbpx

2 години локална власт, ДПМНЕ не ја оправда довербата од граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

На половина од мандатот во над 40 општини во државата, ДПМНЕ ги изневери граѓаните и не ја оправда довербата којашто ја доби на локалните избори.

Резултатот по 2 години локална власт на ДПМНЕ е 0 резулати, безброј нереализирани изборни ветувања и поголеми сметки за граѓаните за данок на имот и до 300%, за ѓубретарина, вода, комунални услуги.

Скопје е пример како Мицкоски и ДПМНЕ не го испорачаа она што го ветуваа пред граѓаните.

Клучното ветување за бесплатен градски превоз во Скопје е само на хартија, нема ни нови 250 еколошки автобуси, нема ниту модерен еколошки транспорт.

Наместо модерно Скопје, Скопјани добија хаос, нечистотија и смет.

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски исто така целосно ги изневери граѓаните.

Нема нова Поликлиника која ја ветуваше, нема ново основно училиште, нема гасификација на училиштата. Спортскиот центар со базен не го направи, а салата Расадник се распаѓа.

Ѓорѓиевски кој јавно го гледаат граѓаните со скапи часовници, дополнително ја задолжи општината.

Исто е и во Гази Баба. Таму власта на ДПМНЕ им натовари на граѓаните нов долг од 5 милиони евра. Долг има, ама ги нема ветените 4 нови градинки, 4 нови спортски центри, нема нови улици, нема нови 2 клучки на бул. А. Македонски.

Ништо од ветената програма не остварија, едно зборуваа кога бараа гласови од граѓаните, а денеска друго.

Локалната власт на ДПМНЕ ги разочара, ги изневери граѓаните.

Последни вести