Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ преку лажни наоди и невистини очајно се обидува да внесува неоснована паника меѓу граѓаните.
Токму погубните криминални политики на ВМРО-ДПМНЕ го урнисаа здравствениот систем и ги поразија правата на пациентите.
Негрижата кон граѓаните, криминалните тендери и сомнителниот паралелен увоз на лекови придонесе да се загуби довербата на граѓаните кон здравството.
Хаосот што ВМРО ДПМНЕ го создаде во здравството донесе катастрофални последии а резултираше и со над 15 илјади невакцинирани деца да има за само 11 години.
Сега се тоа тоа се менува, со вистински политики на Владата предводена од СДСМ и Министерството за здравство се враќа довербата во здравството, се унапредува здравствениот систем и правата на пациентите.
Епидемијата е под контрола, се увезуваат квалитетни вакцини и лекови. За само еден месец вакцинирани се околу 4 400 деца. Подигната е свесноста на јавноста дека вакцинацијата е неопходна кога станува збор за болест како морбили.
Владата предводена од СДСМ продолжува да спроведува мерки што се во интерес на граѓаните, што го унапредуваат здравство и ги подобруваат условите за работа на медицинскиот персонал.
Скопје, 27.01.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА