fbpx

0 резултати на ДПМНЕ и Стефовски во Гази Баба за 2 години

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ДПМНЕ по 2 години локална власт во над 40 општини има 0 резултати и безброј нереализирани ветени проекти од изборните програми.

Општините раководени од ДПМНЕ стагнираат, наместо да се развиваат.

Катастрофално лоши резултати во работата во првите 2 години граѓаните гледаат и во Гази Баба.

ДПМНЕ и градоначалникот Стефкоски ги изневерија граѓаните.

Ги нема ветените 4 нови градинки наведени во изборната програма, нема ниту нови 4 спортски центри во Гази Баба, нема нови улици, ги нема ниту ветените нови 2 клучки на бул. Александар Македонски.

Згора на се, ДПМНЕ и Стефкоски ги задолжија граѓаните на Гази Баба со нови 5 милиони евра.

Половина од мандатот помина а истата матрица на ДПМНЕ ја гледаат граѓаните: неработа, нови долгови и безброј неисполнети ветувања.

ДПМНЕ ги изневери граѓаните и не ја оправда довербата дадена на локалните избори.

Последни вести