fbpx

Извештајот на ЕК потврдува дека и покрај блокадите на ДПМНЕ имаме прогрес во 81% од поглавјата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Извештајот на ЕК потврдува дека и покрај блокадите и опструкциите на ДПМНЕ и Мицкоски Македонија продолжи да ги исполнува условите за продолжување на преговорите за членство во ЕУ.

Остварен е прогрес во 81% од поглавјата, а назадување нема во ниту едно поглавје. Во однос на подготвеност на поглавјата, во 90% има соодветно ниво на подготвеност.

Извештајот на ЕК јасно посочува дека главни кочничари на напредокот се Мицкоски, ДПМНЕ и Левица, а оценката за вкупната подготвеност на земјата за 2023 година е „добро ниво на подготвеност“, константa која е факт неколку години наназад.

За разлика од катастрофалните извештаи во време на ДПМНЕ за заробена држава, мешање на партијата и државата и бројни сегменти со назадување со години наназад имаме драстичен напредок.

ЕУ истовремено го објави пакетот за проширување на унијата и планот за раст на економиите на Западен Балкан.

Само со овој план на Македонија на располагање и стојат милијарда евра.

Со продолжување со реформите и со процесот на интеграција, првиот трансфер од новиот пакет ќе го имаме за пет месеци од сега.

Затоа блокадите и опструкциите на ДПМНЕ и Мицкоски мора да бидат поразени.

Последни вести