fbpx

Николовски: Го заштитуваме земјоделското земјиште и секоја педа земја ја ставаме во функција за производство на храна

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Најголемата штета за македонското земјоделство има свое име, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ, истакна на трибината во Струмица – Македонското земјоделство на европскиот пат, членот на Централниот одбор на СДСМ и министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

„Ако ДПМНЕ заборавило, земјоделците не заборавиле и сеуште ги паметат сите штети кои ги направија во македонското земјоделство. Додека тие најплодните земјишта ги земаа од земјоделците и ги дадоа на некој си Субрата Рој, ние тие земјишта ги вративме назад кај земјоделците. Цели шест години 5.000 хекатри плодна земја стоеше необработена, заробена од Субрата Рој. Денес ова земјиште е назад кај виситинстие земјоделци и се обработува. Е ова е разликата меѓу нас и нив“ истакна Николовски.

Секоја една педа обработлива површина ја ставаме во функција за обработка на храна, порача од трибината во Струмица Николовски, додавајќи дека само минатата година преку повеќе огласи на располагање се ставени нови 14.000 хектари земјоделско земјиште за обработка на житни култури, подигнување на долгогодишни насади, производство на сточна храна, доделено преку траспарентна постапка, а не преку непосредни спогодби.

„Дека земјоделското земјиште е важно за нас покажавме и со новите измени на законот за земјоделско земјиште, со кои за прв пат се заштитува земјоделското земјиште од 1 до 4 категорија од можни пренамени за изграба на енергетски објекти. Успеавме во нашата цел и со овие измени имаме механизам со кој го заштитуваме земјоделското земјиште“ истакна Николовски.

Како држава сме лидери во регионот во процесот за консолидација на земјоделското земјиште. Ова е факт кој го потврдува светската организација ФАО кој нашата држава ја рангира како земја лидер во процесот на консолидација.

„Процесот на консолидацијата носи повеќе бенефити за земјоделците. Расцепканите земјоделски површини се окрупнуваат, а земјоделците добиваат пристапни патишта и наводнување до секоја земјоделска површина. Денес од овој процес веќе ги бележиме првите резултати со успешно завршена консолидација во 9 подрачја Конче, Егри, Логоварди, Оптичари, Трн, Дабјани, Кожле, Соколарци и Спанчево“ истакна Николовски.

Нашиот успех го препознаваат и другите држави, пренесувајќи им го нашето искуство. Овие денови пред висока делегација на министерството за земјоделство од Азејберџан наши тимови од министерството го пренесуваа искуството во процесот за консолидација на земјоделското земјиште.

Последни вести