fbpx

Масовната партизација беше одлика на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, работните места се пополнуваат согласно годишните програми

Facebook
Twitter
LinkedIn

 

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ е навикната на масовна партизација и злоупотреба на институциите пред избори и затоа гледа наводни скандали во секоја редовна активност на јавните и државните претпријатија.

Таквиот однос кон институциите и граѓаните заврши со заминување на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.

Не е точно дека во јавните претпријатија под надлежност на Град Скопје ќе се вработуваат 700 лица како што лажно тврди ВМРО-ДПМНЕ. Според јавно достапните податоци, станува збор главно за  продолжување на истечени договори на веќе вработени лица, како и пополнување на испразнети работни позиции.

Сите државни институции и државни и јавни претпријатија, денес работат независно и професионално, а работните места се пополнуваат согласно годишните програми на институциите и претпријатијата.

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот што Македонија конечно тргна напред, што невработеноста се намалува, платите растат, а економијата се движи во добар правец и затоа не престанува со ширењето лажни вести што е нивен единствен начин на дејствување.

 

Скопје, 24.01.2019  

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

​СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести