fbpx

Од белиот дворец, симболот на криминалот, ВМРО-ДПМНЕ шири лаги, пензиите растат и ќе продолжат да растат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Од белиот дворец , симболот на криминалот, расипништвото и трошењето на народни пари , шири лаги ВМРО-ДПМНЕ, партијата која што го укина  усогласувањето на пензиите на пензионерите, им скрати пари и создаде огромна финансиска дупка во фондот на ПИОМ.

ВМРО ДПМНЕ нема кредибилитет да зборува за пензионерите затоа што со своето неодговорно однесување, погрешни криминални политики создаде и остави хаос во целокупниот пензиски систем.

Наспроти криминалните политики на ВМРО ДПМНЕ, владата предводена од СДСМ го стабилизираше пензискиот систем, обезбеди редовна исплата, континуиран раст на пензиите и сигурни пензии во иднина. СДСМ го врати редовно усогласување на пензиите со растот на трошоците за живот и можноста за дополнителен раст на пензиите со растот на БДП над 4 отсто.

Пензиите растат и ќе продолжат да растат.

Статистичките податоци го потврдуваат тоа и целосно ја демантираат лагата на ВМРО-ДПМНЕ. Во 2016 година просечната пензија изнесувала 13.754 денари, во 2017 е 13.954, денари, а во 2018 година 14.421 денари.

Владата предводена од СДСМ  со реформите кои ги воведе во пензискиот систем, гради стабилен пензиски систем, пензионерите го добиваат тоа што законски им следува , пензиите растат и понатаму ќе растат.

 

Скопје,24.01.2019                                       

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести