fbpx

Интензивен инвестициски циклус во инфраструктурата, над 1 милијарда евра за изградба и реконтрукција на над 700 километри патишта

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

2019 е година на интензивен инвестициски циклус за развој и унапредување на патната инфраструктура низ целата држава.

Со започнување на градежната сезона, низ целата држава продолжува изградбата и реконструкцијата на најголем дел од патната мрежа.

Со инвестицискиот циклус во вредност од 1 милијарда и 270 милиони евра ќе се градат нови и реконструираат постоечки патни правци во вкупна должина од над 700 километри низ целата држава.

Продолжува изградбата на автопатот Кичево -Охрид, автопатот Миладиновци – Штип наскоро ќе биде пуштен во употреба, а интензивно се работи и на експресниот пат Градско – Дреново.

Меѓу позначајните проекти за оваа година се: изградбата на автопатската делница Скопје – Блаце, втората фаза од експресниот пат Штип – Радовиш и третата фаза од експресниот пат Градско – Прилеп и реконструкција и рехабилитација на бројни патни правци низ целата држава.

Развојот на инфраструктурата и модернизацијата на патиштата го олеснуваат животот на граѓаните и влијаат позитивно врз економскиот раст и конкурентноста.

СДСМ како одговорна партија останува посветена на унапредување на патната инфраструктура со цел да се обезбеди брз, ефикасен и безбеден сообраќај за сите граѓани.

Скопје, 24.01.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести