Соопштение за јавност
Христијан Мицкоски или нема познавање или свесно кажува невистини за Чебрен.
Не е точно дека е избришан член во Одлуката за започнување на постапка за доделување на концеција. Вистината е дека Во членот 5 од Одлуката за изменување, избришан е само ставот 3, каде што се доделува Тиквеш 3 месеци по добивање на одобрението.
Но останува ставот 2 како правен основ. Оттука, она што го говори Мицкоски веднаш паѓа во вода.
Затоа, скандал е тоа што Владата на Никола Груевски и ДПМНЕ во 2013 година го доделила Тиквеш на приватниот инвеститор токму 3 месеци по добивање на одобрението за градба на ХЕЦ Чебрен.
Додека СДСМ, токму со таа интервенција го внесува Тиквеш во заедничка компанија 3 месеци по пуштање во работа на ХЕЦ Чебрен.
Тоа е суштинска и огромна разлика.
На овој начин Владата на СДСМ заштедува 100 милиони евра, пари на граѓаните.
Односно, токму Владата на ДПМНЕ и Никола Груевски, на кого Мицкоски му беше советник за енергетика, 100 милиони евра сакала да му поклони на приватниот инвеститор.
Тоа е директно на штета на државниот интерес и на интересот на граѓаните која што СДСМ ја има спречено.
Добро е што Мицкоски индиректно го признава ова, но очекуваме да се извини на граѓаните и да ја каже вистината таква каква што реално е.
Впрочем за сето ова постојат докази и документи кои ги доставуваме во прилог на оваа реакција.
ДПМНЕ 11 пати објавуваше тендери за Чебрен за реализација и не успеа. СДСМ направи успешна постапка со што овој огромен и значаен проект вреден преку 1 милијарда евра ќе се реализира а ЕСМ ќе биде сопственик од 33% со што парите за инвестицијата треба да ги обезбеди во целост приватниот партнер.