Соопштение за јавност
Антинародниот Христијан Мицкоски не ги почитува ниту граѓаните, ниту верниците.
Додека сите упатуваат честитки до граѓаните, додека сите ги промовираат вредностите на заедништво и меѓусебно почитување, Мицкоски на верски празник продолжува да лаже и да ги дели граѓаните.
Не е точно дека Законот за употреба на јазиците е неуставен, вистината е дека во целост е во согласност со Амандманот 5 од Уставот на Република Македонија.
Законот ја регулира употребата на албанскиот јазик кој во Македонија е втор официјален јазик уште со амандманите на Уставот од 2001 година и истиот никако не ја влијае на употребата и заштитата на македонскиот јазик кој е прв официјален јазик во Македонија, а сега и меѓународно признат од целиот свет.
Антизападниот Мицкоски не успеа да ја спречи интеграцијата во ЕУ и НАТО и нема да успее преку неосновани пријави да го спречи градењето на концептот едно општество за сите, којшто е силно поддржан од мнозинството граѓани.
Македонија, граѓаните, ставија крај на црнилата и деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ, одбраа иднина во ЕУ и НАТО и нема да дозволат Мицкоски да ги врати во темното минато на криминал и неизвесност.
Скопје, 19.01.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА