fbpx

Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ не сакаат силна, независна и професионална Државна комисија за спречување на корупцијата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски не сака силна, независна и професионална Државна комисија за спречување на корупцијата.

Затоа опозициската ВМРО-ДПМНЕ со неразумни и нелогични предлози, спротивни на препораките на Европската комисија и стручната јавност, го условува носењето на Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси.

Очигледна е разликата во концепти. СДСМ и парламентарното мнозинство во Собранието се ПРОТИВ корупција, а ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се ЗА корупција.

ВМРО-ДПМНЕ е за декларативна, лажна и наводна борба против корупцијата. Да беа навистина за суштинска борба против корупцијата, немаше да бидат против тоа Комисијата да има проширени надлежности на дејствување, особено во делот на финансирање на политичките партии.

На Македонија и е потребна силна, независна и професионална Комисија за спречување на корупцијата и затоа, потребно е сите пратеници да покажат одговорност и да го поддржат Предлог законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.

Време е да запрат блокадите и деструкциите, а партиските интереси да се стават на страна.
Независно, професионално и силно регулаторно тело кое ќе се бори против корупцијата е во интерес на целокупното општество.

Скопје, 16.01.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести