Соопштение за јавност
Македонија стави крај на поделбите, крај на изолацијата и неизвесноста и тргна напред. Македонскиот идентитет е загарантиран еднаш засекогаш и признаен од целиот свет, а македонската иднина во ЕУ и НАТО е обезбедена.
Тоа значи исполнување на врвните стратешки приоритетите на државата.
Врвот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Ѓорге Иванов и Јанко Бачев се дел од мала, маргинална група која е против ЕУ и НАТО. Мицкоски, Бачев и Иванов ќе останат запаметени како некои кои работеа против иднината, но не успееја, беа поразени.
Целиот демократски свет го поздравува спроведувањето на Договорот од Преспа преку усвојување на уставните измени со што се отвора патот за полноправно членство во ЕУ и НАТО.
Само антизападното ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски продолжува да работи спротивно на државните и националните интереси.
Црнилата на ВМРО-ДПМНЕ и антизападните политики на Мицкоски ги очекува пораз на какви било избори. Затоа бараат, ама се молат да не ги добијат. Кога ќе има избори не зависи од желбите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, туку од приоритетите на граѓаните и државата.
Но, кога и да има избори, какви и да бидат тие, ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и Бачев можат единствено да се спремаат за пораз, тие се завршена приказна и дел од темното минато.
Граѓаните нема да дозволат ниту нов Иванов, ниту нов Груевски, граѓаните се определија за светла идинина и ниту Мицкоски ниту ВМРО-ДПМНЕ нема да ги вратат во темното минато.
Скопје, 14.01.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА