fbpx

Маричиќ: Европскиот фронт на изборите ќе ја порази политиката на блокирање на сопствената држава

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Многу е важно политиката на блокада на сопствената држава да биде поразена на изборите, доколку не биде поразена во парламентот до изборите, истакна секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ во „Тема на денот“ на Сител телевизија.

Маричиќ нагласи дека политиката на блокирање на сопствената држава ќе биде поразена на изборите од овој Европски фронт и оваа коалиција и потоа без никакви аргументи ќе останат оние коишто си ја блокираат сопствената држава веќе година и половина.

Доколку ги направевме уставните измени, на овој Самит на ЕУ веќе ќе разговаравме за отворање на првиот кластер и за динамиката на разговори во првиот кластер. Наместо тоа ние ќе застанеме и ќе чекаме да се направат уставните измени, работејќи тоа да се случи што побрзо, за да не застане целиот процес, рече Маричиќ, додавајќи дека скринингот заврши и никому нема ништо да му биде, ниту пак ќе не чини, доколку бидат направени тие уставни измени.

Маричиќ нагласи дека како меур од сапуница пукна твдењето на опозицијата дека ќе го изгубиме јазикот идентитетот, дека нешто лошо ќе се случи.

Во врска со дилемите на опозицијата за учество во техничката влада, Маричиќ реке дека тоа е избегнување на законска обврска, а техничката влада е гаранција за фер и демократски избори и досега функционирала успешно и откако постои ниту една партија не ги довела под прашање резултатите на изборите.

-Доколку не се плашат од од резултатите зошто го доведуваат под прашање своето учеството во техничката влада.? Ние секако сметаме дека тоа е законска обврска и дека е добро нивното учество, и без разлика што и самисте се свесни дека нивни кадри и минатиот пат и во други формати може не се покажале можеби најдборо. Сепак треба ги да дадат своите предлози и мислам дека граѓаните ќе имаат можност да видат како функционира таа влада во технички мандат. Впрочем таа се прави за организација на изборите, а не за некои политики, порача секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ во „Тема на денот“ на Сител телевизија.

Последни вести