fbpx

Мицкоски и Бачев се во трка за тоа кој е поголем противник на евроинтеграциите, но нема да ја блокираат иднината

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Нема поголема катастрофа од безличната, антизападната политика што ја промовира пионот Христијан Мицкоски.

Со приклучувањето на анти ЕУ и анти НАТО протестите на Јанко Бачев, Мицкоски покажа дека е дел од иста маргинална група која сака да го поткопа интегративниот процес на Македонија во најмоќните сојузи на светот.

Мицкоски ги следи поразените политики на неговиот ментор Никола Груевски и затоа учествува на антизападни протести на кои се шират поделби, говор на омраза и закани кон граѓаните.

Залудни се очајните обиди на антизападниот Мицкоски, тој нема да ја закочи иднината на Македонија.

Слабата поддршка на протестите на Бачев и Мицкоски е доказ дека нивната антизападна агенда не минува.

Македонија ќе биде дел од ЕУ и НАТО, Македонија оди напред и нема враќање во темното минато на изолација.

Скопје, 10.01.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести