fbpx

Костадиновска Стојчевска: СДСМ го заштити македонски јазик и култура

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Повикот којшто од Европската унија беше упатен за пријавување преведувачи на македонски јазик за службите на Унијата е уште една потврда на она што ние го зборувавме уште минатата година, македонскиот јазик и култура не се загрозени туку потврдени во ЕУ, рече потпретседателката Бисера Костадиновска Стојчевска во Студио 10 на 24 телевизија.

-Во ниеден сегмент јазикот не ни е загрозен, тоа е само во тезите на ВМРО-ДПМНЕ, чии главни одлики се да шират лажни вредности и негативни кампањи. Очекувам до крајот на годината да биде изгласан законот за употреба на македонскиот јазик, односно во следните две недели да добиеме нов Закон за употребата на македонскиот јазик. Ова го прифати и опозицијата, за по два дена да не го прифати гласањето, посочи Стојчевска –Костадиновска.

Во петок ќе има свечено примопредавање на 21 икона, кои биле украдени од црквите во струшко и однесени во Албанија, додаде Стојчевска- Костадиновска. Иконите биле таму уште од 2013 година, но досега никој не водел сметка за да се врати културното добро назад во својата земја

-Станува збор за 21 икона кои беа откриени во 2013, тие биле украдени од цркви од струшко и однесени во Албанија. Сега ќе ги вратиме назад, ќе бидат складирани во музеј каде ќе ги изложиме, а потоа ќе ги вратиме на црквата. Ова е првпат еден ваков чин да се случи меѓу две држави и првпат да ни се врати културно добро. Работевме долго на овие процедури и бевме свесни дека тоа е долг правен процес. Од 2013 година иконите беа во Албанија ама никој не водел сметка за да се идентификуваат и да се пронајдат, објасни потпретседателката на СДСМ.

Костадиновска- Стојчевска најави дека во 2024 година следува директно инволвирање на младите во културата, воведување конкурс нова линија за креативни индустрии, што веќе е активно во западните земји.
Креативните индустрии претставуваат директен учесник во бруто домашниот производ на нашата држава и тоа е можност да се спојат економијата и културата и тука да го видиме моментот на самоодржливост во културата. Фокусот ќе биде и на македонскиот јазик, поддршка на сите проекти од национален интерес и најголемиот предизвик во 2023, а сега веќе се донесени измени во законот, финансирање на стручен кадар, преку институциите. Ќе се стипендираат стручни кадри во текот на нивното усовршување, академско студирање за директно вработување во институции, потенцираше Костадиновска Стојчевска.

Последни вести