fbpx

Ковачевски: Повеќе за сите е огледало на нашата грижа за граѓаните, никој не е оставен сам

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Повеќе за сите е огледало на нашата грижа за граѓаните. Дури и во време на светска и економска криза, никој не беше оставен сам, така ќе продолжиме и во народниот период и во следниот мандат, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на денешната трибина „Повеќе за сите“.

– Покрај сите предизвици, обезбедивме економски раст, стабилност и силно ги помагаме граѓаните, младите, студентите, учениците, пензионерите, ранливите, компаниите. Тешките времиња бараат и тешки одлуки. Но, и најголемите предизвици се решаваат со силна волја и и напорна работа. Затоа што со напорна работа, нема недостижна цел. Горд сум на тоа што го постигнавме!, рече Ковачевски.

Од независноста до денеска, досега, не се случило толку голема финансиски помош, толку многу пари некоја влада да пренасочи кон граѓаните и компаниите, потенцираше Ковачевски.

-Над 2 милијарди евра пари СДСМ врати назад кај граѓаните за околу три и пол години. Успеавме да спасиме десетици илјади работни места додека финансиски поддржавме ранливи граѓани, плати, компании. Немало толку голема финансиска поддршка за граѓаните и компаниите од независноста до сега. Особено сум горд на тоа што успеавме и покрај сите предизвици, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на денешната трибина „Повеќе за сите“.

Последни вести