fbpx

Антинародното ВМРО-ДПМНЕ залудно се обидува да шири неоснована паника, се постапува професионално, граѓаните се безбедни и сигурни

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

11 години ВМРО-ДПМНЕ ја партизираше полицијата и ја злоупотребуваше во партиски цели, додека криминалот цветаше по улиците и институциите.

Црното време заврши со заминувањето на ВМРО ДПМНЕ од власт. Нема повеќе МВРО –ВМРО, нема партизација на институциите и полицијата, нема сокривање на убиства и селективност пред законот.

Неспособното антинародно раководство на ВМРО-ДПМНЕ залудно се обидува да шири неоснована паника меѓу граѓаните.

Денес, институциите работат професионално, а полицијата е партнер и заштитник на граѓаните и нивните права.

Стапката на криминал се намалува, надлежните институции постапуваат по секое прекршување на законите, граѓаните се чувствуваат сигурни и безбедни. Тоа го потврдуваат и испитувањата на јавното мислење, а според истражувањата на ОБСЕ, 75 отсто од граѓаните се чувствуваат безбедни.  

Министерството за внатрешни работи продолжува да работи професионално, ефикасно и независно во служба на законите и интересите на граѓаните

 

Скопје,29.12.2018                                       

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести