Соопштение за јавност
Неспособниот Христијан Мицкоски повторно не кажа ништо што добро за државата и граѓаните. Никаков план, никаква визија, никаква програма не понуди Мицкоски.
Едни исти фрази, празни флоскули на Мицкоски без суштина, полни со деструкција.
Останува фактот дека Мицкоски одбегна да одговори за неговата улога околу бегството на неговиот ментор, Никола Груевски и посетите на Белград и Будимпешта.
Мицкоски веќе е профилиран како анти НАТО и анти ЕУ. Очигледна е неговата намера Македонија да не успее во остварување на врвните државни и национални интереси а тоа е влез во ЕУ и НАТО.
Јавноста го гледа сето тоа и прави јасна разлика помеѓу деструктивното антинародно дејствување на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и одговорниот пристап на Владата предводена од СДСМ во обезбедувањето на иднината на државата во ЕУ и НАТО.
Од една страна СДСМ води одговорна политика што обезбедува подобар живот за сите и членство во ЕУ и НАТО преку прифаќање на Договорот од Преспа. Од друга страна се неспособниот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кои нудат деструкција, блокада на иднината и враќање во темното минато на криминал, изолација и неизвесност.
Нема да се оствари желбата на Мицкоски Македонија да не успее. Граѓаните ги поразија деструктивните политики на ВМРО ДПМНЕ и одбраа иднина во ЕУ и НАТО. Нема враќање назад во темното минато.
Поддршката во Собранието за процесите кои обезбедуваат членство во НАТО и ЕУ може само да расте. Бидејќи самиот Мицкоски вели дека не е “спремен да мисли” ќе му помогнеме, нека се спреми за пораз на претседателските избори.